Адвокатот Васил Димишков негира дека се познава со Зоран Заев

4117

Васил Димишков е на мислење дека некој има интерес да оцрнува луѓе, но тој негира дека го познава Зоран Заев, како и негов ангажман во предметот „Империја“, каде првоосомичен е токму Орце Камчев

По цели четри месеци откако пред кривичен судечки совет сведочеше за аферата „Рекет“, името на скопскиот адвокат Васил Димишков, изминативе неколку дена, повторно е „актуелно“.
Иако, реално, нема ништо ново да се каже, сепак, името на адвокатот Димишков беше спомнато во две аудио снимки кои како такви веќе беа изведени во текот на судењето, а беше доведуван и во некава релеација и наводна блискост со лидерот на СДСМ , Зоран Заев.
„На нападите кои се неосновани некако како да се навикнав, ама многу ми пречи што го спомнуваат господинот Заев со кого не се ни познавам! Никогаш порано бне сум имал можност да го запознаам и затоа ме зачудува леснотијата со која преку мене го обвинуваат и него и тоа за нешто што не се случило. Јас од медиумите разбрав дека токму тој го пријавил случајот во обвинителството“, вели скопскиот адвокат Васил Димишков и појаснува дека доволно е оцрнет во случај во којшто никогаш не бил вклучен, но со кој најверојатно требало да се оцрни и неговата сестра која, како што е познато како Судија на претходна остапка работеше на предметот “Империја“ и во кој таа им изрече притвор на Орце Камчев и на уште неколкумина осомничени.
Што се однесува, па, до лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за неоснованите обвинувања, пред само неколку дена ќе изјави: „За господинот Камчев како еден од бизнисмените кои се посилни во државата можам да зборувам од она што го имам прочитано во медиумите, од изјавите на судии и обвинители во процеси, истраги и предистраги. Секој е невин додека не се докаже вината. Но, кога луѓе забегуваат со пари, кои што веројатно се крадени, не се стекнати со пот и труд, многу често се проблематични секаде во светот така и кај нас. Парите стекнати на незаконски начин купуваат човечки души, влијание и моќ, девастираат право и уништуваат цели системи. Затоа треба процесите за секој да се разјаснат и сите да бидат еднакви пред законот!“
Со слични размислувањата е и адвокатот Васил Димишков кој во целиот случај гледа тенденција.
„Видлива е тенденцијата, преку мене, посредно, да се инволвираат и други лица, но јас уште еднаш ќе повторам: не сум бил ангажиран во одбраната на Орце Камчев и затоа не сум ни можел да го наплатам својот ангажман. Некои уште се ‘фаќаат’ на јадицата за кажаните два, четири или шест милиони. Како е миожно да се зборува за пари кога воопшто не сум бил ангажиран. Не можам да поверувам дека има наивни луѓе кои ќе поверуваат во она што е кажано дека е и вистина. На крајот на краиштата, ако сум сакал да се вклучам во одбраната на Орце Камчев тоа подразбира дека во истиот миг мојата сестра ќе мора да се изземе од натамошно постапување. Сумите, за кои и говорев пред судот не можеле да бидат наплатени, бидејќи јас не бев ангажиран во адвокатскиот тим на Орце Камчев“, вели скопскиот адвокат Васил Димишков.
Димишков вели дека е изненаден од она што го сретнува низ медиумите, а тоа е, пред се наводниот износ на предметот „Империја“. Иако самиот не сака да верува дека е можно овој случај да „тежи“ 1,1 милиради евра, тој на шега ќе каже дека за ваков предмет мали се износите кои се вадат од контекст на веќе кажаното.
А што се однесува до самите суми јавноста знае дека Орце Камчев, до судот, за себе и за уште неколкумина други, за укинување на мерката притвор, односно за замена за поблага мерка, понуди гаранции во пари и имот во висина од 14,5 милиони евра, но и дополнителни четири милиони евра само за неговата патна исправа.
Дали 4 или 14 милиони се малку или многу пари, тоа го знае само Орце Камчев, кој според „Форбс“ важи за најбогат човек во државава, но несомнено дека 400.000 евра, коишто тој ги дал за кампања на ВМРО-ДПМНЕ, се релативно малку.
Како и да е, Орце Камчев, во предметот наречен „Рекет“ имаше статус на оштетен, паричната понуда за враќање на патната исправа е повлечена, но му претстои судење за случајот „Империја“.

(Љ.Станковиќ)

Спонзорирано