Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против директорот на МРТВ поради сомнеж дека сторил злоупотреба на службената положба
Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против Марјан Цветковски, актуелен директор на Македонската радио и телевизија, поради сомнеж дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба, односно дека за кредит го заложил имотот на телевиијата.
„Осомничениот, во 2015 година, ја злоупотребил службената положба сол тоа што земал кредит од 140 милиони денари, а заложил имот вреден 294 милиони денари, односно го заложил целокупниот движен и недвижен имот на МРТВ без да побара согласност од Собранието“, изјави Даниела Велковска од УФП и потврди дека кривична пријава е поднесена и за нотарката З.П., поради тоа што извршила заверка на предметните договори. Иако од УФП не го соопштуваат идентитетот на осомичената нотарка, сепак низ кулоарите се пласираат шпекулации дека станува збор за нотарката Зорица Пулејкова.
Од УФП велат дека дел од кредитот, во висина од 30,3 милиони денари Цветковски го искористил за подмирување на обврски кон банката којашто се јавува како давател на кредитот, а по основ на претходен откуп на побарувања од правниот субјек „БЕГ-Снабдување“.
Марјан Цветковски е осомничен и во истрагата на СЈО за предметот наречена „Пропаганда“. Тој и уште осум други лица го оштетиле државниот буџет за 30 милиони евра.