Обвинение за скопјанец за убиството во Долно Дупени

1648

Битолското јавно обвинителство отпочна истрага за скопјанец за кривично дело убиство кое се случи пред нешто повеќе од еден месец.

Имено, на 30 јуни, сега осомничениот, во местото викано „Големи Грми“, во атарот на селото Долно Дупени, со огнострелно оружје, со умисла, го лишил од живот Азис Мустафа од Горно Количани.

„Поведената истражна постапка е во врска со пронајден череп и остатоци од човечки труп во фаза на распаѓање, во атарот на Долно Дупени на 27 и 28 јули. Пронајдените остатоци, по наредба на јавен обвинител, беа предадени на Одделението за судска медицина при ЈЗУ Клиничка болница – Битола каде беше извршена идентификација на починатиот и се утврди дека причината за смрт е насилна и предизвикана од проектил на огнострелно оружје испукан во пределот на тилот на жртвата“, се вели во соопштението лиферувано од јавното обвинителство, од каде и информација дека поради постоење на опасност од бегство или можност за попречување на постапката со прикривање на доказите, доставен е предлог за определување мерка притвор.​

Спонзорирано