Поранешни вработени во СЈО бараат јавно извинување од председателот Пендаровски

1443

Поранешни вработени во сега веќе укинатото Специјално јавно обвинителство со реакција по вчрашниот говор на претседателот Стево Пендаровски на Пелинце. Вработените, главно лица од стручните служби и административно-техничкиот персонал реагираат на констатацијата на претседателот Пендарвски дека „граѓаните со право се разочарани од обвинителството кое беше симбол за расчистување со организираниот криминал, а се распадна како последица на тоа што и самото стана дел од организираниот криминал“.

Според поранешните вработени во СЈО тоа обвинителството не го сочинувало само една личност, „па оттаму, за нив, е крајно некоректно сите вработени да се поистоветуваат со постапките на една личност, а в о исто време невниот труд да биде девалвиран.

„Ниту една постапка на вработените во сега веќе укинатото СЈО не придонесе за распад на институцијата, туку истата беше укината со политички договор како што беше и создадена“, велат поранешните вработени во СЈО кои бараат јавно извинување од Пендаровски и тоа во најкус можен рок.

„Бидејќи никој, а особено не претседател на држава, не може и не смее да обвинува од говорница, бараме претседателот јавно да им се извини на сите кои беа дел од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и да ја повлече ваквата срамна изјава во најкус рок.

Воедно го повикуваме и охрабруваме претседателот доколку има сознанија и докази за ваквите јавно изнесени наводи, истите да ги достави до надлежното јавно обвинителство на натамошно постапување. Ние како поранешни вработени во укинатото јавно обвинителство веруваме во правосудните органи и ги повикуваме да ги истражат ваквите изнесени клевети на наша сметка од страна на господинот Пендаровски“, се вели во реакцијата на поранешните вработени во СЈО.

Спонзорирано