Мијалков се враќа во притвор, во друштво на Ибраими

728

Судот го прифати предлогот за притвор за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и за поранешниот член на ДИК од ДПА Бедредин Ибраими, на барање на обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи, а откако судот денеска им определи првостепени затворски казни од три и 4,5 години при соопштување на пресудите за „Титаник 2“. Мијалков е моментно во домашен притвор за случајот „Империја“, што значи дека сега ќе треба да се врати во затворот во Шутка.
За другите четворица обвинети Фетаи побара да се јавуваат во судот.
За лидерот на ДПА Мендух Тачи, кој е осуден на казна затвор во траење од три години и два месеци и тројцата поранешни членови на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска, кои добија по три години затворска казна, судот одреди да се јавуваат во вторник и четврток, лично. До правосилноста на пресудата, тие за почеток ќе треба да се јавуваат во судот во Скопје, а понатаму може и во градовите од кои доаѓаат.

Спонзорирано