ВРХОВЕН СУД: Четири години затвор на момчето кое ја прегази Фросина Цековска

2113

Највисокиот суд ја укина одлуката на скопска Апелација, а по вложена жалба на обвинителство, со која тој беше осуден на казна затвор во траење од три години

Врховниот суд на Република Северна Македонија, постапувајќи по жалбите на обвинетиот и на обвинителството во предметот со сообраќајната несреќа кај Универзална сала, во која животот го загуби Фросина Цековска, донесе пресуда со која жалбата на Љубиша Видојковиќ ја одби како неоснована, а жалбата на скопското Обвинителство ја уважи во делот на кривичната санкција и по преиначувањее на пресудата на Апелациониот суд во Скопје и обвинетиот е осуден на казна затвор во траење од 4 години.

Постапувањето на Врховниот суд доаѓа по жалбата која што на 25. април ја вложи Обвинителството, а која жалба, спиред нив е вложена по два основа: Поради суштествена повреда на одредбите на Законот за кривична постапка и поради одлуката за изречената кривична санкција од Законот за кривична постапка. Како што е познато Апелационот суд во Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина со која обвинетиот го огласи виновен за кривично дело: тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и го осуди на казна затвор во траење од 3 години, а му беше изречена и забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија во траење од една година.

„Овој предмет се однесува на сообраќајната незгода која се случи на трети април 2015 година на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во близина на Универзална сала, кога обвинетиот, управувајќи со моторно возило ‘Хонда’ (прелуде), под дејство на алкохол и со брзина поголема од ограничената, удрил во телото на оштетената Фросина Цековска, која како пешак започнала да го минува коловозот по обележан пешачки премин.

Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. Направените сообраќајни пропусти кои се причина за сообраќајната незгода опфатија умисленост во дејствијата на обвинетиот, односно беше утврдено присуство на алкохол во крв и пречекорување на дозволената брзина за управување со возилото, па согласно тие пропусти обвинителството ја определи и правната квалификација за кривичното дело“, велат од Обвинителството.

Обвинетиот, со првостепената пресуда која скопскиот кривичен суд ја изрече на 15. јули 2016 година, за сторено тешко дело против безбедноста на луѓето беше осуден 6 години и 4 месеци, а за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода уште пет месеци, односно нему му беше изречена единствена казна затвор во траење од шест и пол години.

Спонзорирано