ЖАЛБА ДО ВРХОВЕН СУД ПО ПРЕСУДАТА ЗА СООБРАЌАЈКАТА ВО КОЈА ЗАГИНА ФРОСИНА ЦЕКОВСКА

1890

Основното јавно обвинителство – Скопје, преку Апелацискиот суд, вложило жалба до Врховниот суд по изречената правосилна пресуда, од осми овој месец, а која се однесува на сообраќајната несреќа во која, на 3 април 2015 година, на булеварот „Партизански одреди“, беше усмртена младата Фросина Цековска, од Крива Паланка.
„Жалбата е поднесена по две основи: поради суштествена повреда на одредбите на Законот за кривична постапка, како и поради одлуката за изречената кривична санкција од Законот за кривична постапка“, се вели во соопштението на Обвинителството кое цени дека Врховниот суд треба да ја преиспита пресудата на Апелациониот суд во Скопје.

Спонзорирано