АПЕЛАЦИЈА: Потврдена пресудата за Зоран Милески – Кичеец

1985

Скопскиот Апелационен суд ја потврди првостепената пресуда, изречена во март минатата, со која обвинетиот Зоран Милески викан Кичеец беше осуден на три години затвор.

Милески, кој беше обвинет за кривично дело: примање награда за противзаконско влијание, беше третообвинет во предметот наречен „Рекет“, но тој, за разлика од Бојан Јовановски викан Боки 13 и Катица Јанева го призна делото за кое беше обвинет и нему му му се судеше во одвоена судска постапка.

Кривичниот суд, при одмерување на казната, го имал в предвид фактот дека Милески го признал сторувањето на делото, а нему во прилог му одеше и тоа што никогаш порано не бил во судир со законот. Пресудата, по неговото призбнание му донесе и укинување најпрво на мерката притвор, а потоа и на мерката куќен притвор.

Спонзорирано