Владимир Панчевски ќе се бара со потерница!

1601

Полицијата, по неколку неуспешни обиди да го лоцира и приведе разрешениот Владимир Панчевски, денеска со реакција до судот во Велес, каде му се суди за бројни злоупотреби на АКМИС системот.
Имено, МВР бара судот да распише потерницата по Панчевски, кој, пак, интензивно се крие од органите на прогонот уште од петокот, откако ниту тој, ниту неговите адвокатите не се појавија на закажаното судско рочиште.
Инаку, обвинетиот Панчевски цела година не се појавил пред судечкиот совет на велешкиот суд, откако претходно беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој се товари за махинации со системот АКМИС и делење на предмети на рака на судии за кои самиот ги избирал.
Токму поради неговото интензивно избегнување на правдата велешкиот суд донесе решение со кое нему му се одредува мерка притвор, но тој сега ја избегнува и полицијата, со што дополнително си ја влошува и онака лошата позиција.

Спонзорирано