Судот во Велес распиша потерница по Владимир Панчевски

2497

Велешкиот суд, како што и можеше да се претпостави, денеска издаде потерница по Владмир Панчевски, за кој, во петокот, веќе изрече мерка притвор, откако тој цела година одбива да се појави на судење на кое треба да одговара за сторена злоупотреба на службенат положба и овластување.
Од МВР потврдуваат дека судот за Панчевски распишал потерница и дека по неговото пронаоѓање тој треба да биде спроведен во истражниот затвор „Скопје’, во Шуто Оризари.
На сајтот на Министерствто за внатрешни работи, односно на одделот кој се однесува на полициски потраги од денеска е и фотографијата на Владимир Панчевски, а под неа се испишани неговите генералии, како и делото за кое тој сс товари. Инаку, како што е веќе познато Панчевски одговара за злоупотреби на системот АКМИС, односно за делење на предмети на рака во годините додека тој шефуваше со скопскиот кривичен суд.

 

Владимир Панчевски

Панчевски Владимир, од татко Здравко, мајка Цвета, роден на 01.05.1974 во Скопје, со живеалиште на ул.Даме Груев бр.7/5-15 во Скопје, се бара по наредба за распишување на потерница на Основен суд Велес К.бр.242/2019 од 14.07.2020, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 ст.2 од КЗ.

Спонзорирано