Ексудијата заврши во Шутка, сега ќе седне на „другата страна“ во судница

1594

Поранешниот судија и претседател на Кривичниот суд во Скопје Владимир Панчевски од денеска напладне  е во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.

Денеска во 12 часот, тој самиот се пријавил во затворот, откако органите на прогонот неколку дена трагаа по него, а беше распишана и потерница.

При приемот, Панчевски  бил прегледан и му била измерена температура. Откако е утврдено дека нема никакви симптоми на ковид-19 тој е примен во притворското одделение.

Скопската полиција претходно во три наврати не успеа да го пронајде Панчевски на неговата адреса, откако Судот во Велес му одреди притвор.

Панчевски е обвинет за злоупотреба на АКМИС – системот за прераспределба на судските предмети, додека беше на чело на „скопска единица“.

Судот во Велес во петокот му одреди притвор на Панчевски заради неприсуство на рочиштето за предметот „АКМИС“. На рочиштето не бил прусутен ниту неговиот бранител.

Спонзорирано