Обвинителството ги отрфрли кривичните пријави на Наќе Чулев и на неговата заменичка

1617

Јавното обвинителството, во два предмета, констатирало дека функционирањето на техничката Влада претставува политичко прашање, а спорните прашања помеѓу членовите на Владата се предмет на други, со закон регулирани постапки.
„Дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи поднесе кривична пријава против техничкиот министер за внатрешни работи за кривично дело: злоупотреба на службената положба и овластување и за несовесно работење во службата , а во која се наведува дека на осми јанувари оваа година пријавениот во својство на министер за внатрешни работи издал телеграма до сите организациони единици на БЈБ, сектори за внатрешни работи и регионални центри за гранични работи, со која им наредил на сите раководители неподигнатите решенија потпишани од поранешниот министер кои се уште не биле врачени, да не ги врачуваат, се до добивање на дополнителни насоки, а во исто време донел 89 незаконски решенија за прераспоредување на раководни работници. Имено, пријавениот иако знаел дека во одлуката на Владата на Република Северна Македонија од 9. февруари оваа година, овие решенија биле поништени во целост, на следниот ден испратил телеграма до сите организациони единици и побарал почитување на неговите, поништени решенија, а на 14. издал нови решенија.
Во Основното јавно обвинителство – Скопје, по допрен глас, беше оформен предмет против техничкиот премиер, а дополнително, со иста содржина, техничкиот министер за внатрешни работи поднесе кривична пријава против техничкиот премиер за кривично дело: злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување службена исправа, а дополнително техничкиот министер за внатрешни работи поднесе друга кривична пријава против техничкиот премиер за несовесно работење во службата.
Оформениот предмет и поднесената кривична пријава се однесуваат на поништени решенија на седница на Владата, на 15. февруари оваа година, кога како точка на дневниот ред била ставена и таа која се однресува на понишените решенија кои ги донел Наќе Чулев, а кој 23. минатиот месец повторено го пријавил премиерот Оливер Спасовски.

Спонзорирано