Oбвинение за гостиварецот кој му се закануваше на премиерот

796

Основното јавно обвинителство во Гостивар, денеска, до судот поднело обвинителен предлог против 28-годишниот М.М., од Гостивар, поради сторено кривично дело: загрозување на сигурноста, односно поради упатени сериозни закани кон премиерот Оливер Спасовски.
Како што појаснуваат од обвинителството сега обвинетиот преку својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, на трети овој месец, додека престојувал во Хамбург, Германија, се заканил дека ќе го убие премиерот, откако од официјалната страна на премиерот било објавено видео со линк, како даден коментар на објавата, тој преку неговиот профил го упатил заканувачкиот коментар.​
Како што веќе пишувавме, во петокот, М.М. бил приведен на меѓународниот аеродром „Скопје“, а потоа тој и бил предаден на гостиварската полиција, бидејќи тој бил баран со централен распис од Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гостивар.

Спонзорирано