Ана Камчева: “Катица Јанева ми кажа дека Орце Камчев ќе биде ослободен без гаранција!”

2911

Сопругата на осомничениот Јордан Камчев, на судењето за предметот наречен “Рекет”, потврди дека одржувала средби со Бојан Јовановски и со поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.

Со присетување дека се започнало на 9. ноември кога Орце Камчев и кажал дека ќе има претрес во нивниот дом, Ана Камчева го започна своето сведочење. Според неа, во моментите кога се вршел претрес во нивниот дом бил и Зоран Милески.

Подоцна, во судот јавната обвинителка Лиле Стефанова на адвокатот Антонио Апостолски му се обратила со зборовите: ” Ништо не ми можеш Тони!”

Зоран Милески организирал средба со адвокатот Васил Димишков. Сведокот потврди дека Димишков имал средба со Орце Камчев и дека се зборувало за случајот во кој е инволвиран. Димишков кажал дека ќе помогнел за “два, четири или шест милиони евра”!

“На оваа средба бев многу возбудена и не се срамам да признаам дека плачев, но тој не ми даде крајна цена за услугата”, рече сведокот и кажа дека следниот ден, Милески, и кажал дека крајната цена е шест милиони евра. За Камчева, случајот “Империја” не претстсвувал предмет, туку бил проблем.

На договорена средба со Зоран Милески, закажана во “Александар Палас”, таа не влегла во хотелот туку вртеле околу него, а тема бил Лазар Јанев, за кого пишувало во “Сведок” и за кое пишување Бојан Јовановски бил многу вознемирен.

Камчева не знаела што било напишано и предметниот текст го прочитала дури откако се вратила дома, но тогаш сфатила дека Милески бил во блиски односи со Јовановски и со Јанева.

Неколку дена подоцна била одржана средба во “1ТВ” и таму, сосема случајно, го видела Лазар Јанев

На сите, подоцнешни средби, со Бојан Јовановски тој имал информации за се, а често пати, пред неа, и се јавувал на Катица Јанева. Тој како да сакал да покаже дека има влијание врз специјалната јавна обвинителка…Камчева кажа дека средби со Јовановски имала во нејзиниот, во домот на Боки 13 и во ресторснот “Сушико”. На една од средбите и биле побарани 500.000 евра.

Сведочењето на Камчева беше прекинато на пет монути поради потребата на Јовановски да блуе.

Отако појасни како дошло до избор на адвокат кој треба да го застапува нејзиниот сопруг, Камчева уште еднаш се наврати на судијката Весна Димишкова, на понудата од 14 милиони евра како кауција и на решението за продолжување на мерката притвор, сведокот кажа дека 350.000 евра и биле донесено однејзината свекрва, Ратка Камчева, инаку, исто така, осомничена во предметот “Империја”.

Парите биле предадени во домот на Јовановски, во Орман, но тој не бил задоволен со сумата од 350.000 евра, па таа уште еднаш морала да дојде дома кај Јовановски. Камчева ја носела позајмицата од 150.000 евра. На средбата била присутна и Катица Јанева која и кажала дека му била благодарна на Боки 13 што го вработил нејзиниот син.

Приватните разговори со Јанева биле прекратени од Бојан Јовановски кој барал да зборуваат за она за што и била организирана средбата.

Катица Јанева и кажала дека Јордан Камчев ќе биде пуштен во куќен притвор без да биде дадена гаранција.

Прв кој дошол кај нив дома, по излегувањето на Орце од притвор, бил Зоран Милески.

Инаку, Катица ја опоменала дека ако разговорот кој го водела со неа излезе во јавност ќе знае дека излегол од неа и дека таа може да му отвори нови предмети на Орце Камчев.

Бојан Јовановски знаел дека прв кој требало да замине од затврот “Шутка” требало да биде Цветан Панделевски, а дека Орце Камчев ќе излезел како втор.

Бојан Јовановски имал информации, повеќе од било кој не само за случајот “Империја”, туку и за многу други случаи.

“Уште од првиот момент бев сигурна дека овој случај треба да биде пријавен”, рече сведокот Камчева и потврди за средбите со екс- директорот на УБК и некои политичари.

На прашање на јавната обвинителка Вилма Русковска дали Катица Јанева имала телефонски разговори со Орце Камчев, сведокот Ана Камчева одговори потврдно со појаснување дека разговорот се одвивал на спикерфон.

Сведокот Камчева потврди дека Орце Камчев бил ослободен од притвор со одлука на Апелациониот суд во Скопје, но таа не можеше да каже дали со Јовановски се воделе разговори за судии од тој суд. Камчева даде позитивно мислење дека за вакви случаи, практика е, да се поднесуваат крвични пријави до Јавното обвинителство. Камчева одговори потврдно и на прашањето дека со Горан Николовски – Џони, ексдиректорот на УБК, не се сретнувала во службени простории на Министерството за внатрешни работи.

Обвинетиот Бојан Јовановски се интересираше дали Камчева, преку Бане Поповиќ, побарала средба со него, но ова прашање не беше дозволено, бидејќи веќе било одговорено.

“Многу!”, рече сведокот Ана Камчева, на прашање на Јовановски колку средби биле одржани во неговата канцечарија во “1 ТВ”.

Обвинетиот Бојан Јовановски “во игра” го внесе името на извесна Лидија Јаневска за која беше кажано дека е сопственик на ресторан, а која, наводно, лично се заземала кај Катица Јанева.

Сведокот кажа дека со Горан Николовски се гледале надвор од МВР за да го избегнат Јовче Ременски, бидејќи неговата сопруга била во блиски односи со обвинариот Јовановски.

Судот не дозволи одговор на прашањето за баловите во “велелепната палата” на семејството Камчеви.

Судењето продолжува со распит на благајничката Мирјана Бошковска, односно жената која ги броела парите кои што можеа да се видат на една од снимките кои излегоа на каналот на “Ју тјуб”!

Спонзорирано