Обвинителство отвора истрага за снимките на кои се слуша гласот на Орце Камчев

1589

Јавното обвинителство ќе отвори предмет, односно ќе ги истражува неколкуте телефонски разговори кои во саботата беа објавени на каналот „Ју тјуб“, а за кои објавувачо самонаречен „Големото уво“ ги насловил како: „Нахранета ја демократијата“.
Објавата на неколкуте разговори, кои наместо 10 минути траат само по десетина секунди, беа објавени еден ден по сведочењето на бизнисменот Орце Камчев, во предметот наречен „Рекет“. Имено, од слушнатото може да се заклучи дека во разговорите се слуша токму гласот на Камчев, но непознато е кои се неговите соговорници. Она што ќе биде предмет на истражување на обвинителството не се само соговорниците, туку и самата содржина на разговорите, бидејќи може да се слушне дека не треба да се отвора „војна“ со браќата Заеви, дека ако на власт дојде Мицковски ќе има „крв до колена“, дека тој ќе седи во Бугарија, а дека земјава ќе биде дестабилизирана, дека ќе страдаат нечии деца и дека најпаметно нешто што се случило бил наводниот договор помеѓу двајцата поранешни премиери, Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски. Истрагата за најновите „бомби“ и формално ќе започне утре кога во кривичниот суд, во својство на сведок треба да се појави сопругата на Орце, Ана Камчева, која ќе треба да појасни зошто се одличила да им даде 500.000 евра на сега осудениот Зоран Милески – Кичевец и на Бојан Јовановски викан Боки 13, односно на екс-шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева.

Спонзорирано