Приведени 12 припадници на криминални групи

1337

Меѓу приведените, наводно, има и лица кои минатата недела изведоа напад со автоматско огнено оружје на гости во ресторанот на хотелот „Александар Палас“

Скопската полиција, во соработка со Одделот за сузбивање на организан и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции, а во координација со скопското Јавно обвинителство утрово спроведе акција која е насочена кон лица за кои се верува дека се припадници на криминални групи кои делуваат на подрачјето на главниот град.
Во акцијата се приведени 12 лица, односно од слобода се лишени лицата: Ф.Л.(47) и М.Љ.(38) од Грчец, Е.П.(43), Б.А.(34), Ш.М.(28) и Ш.М.(34), сите од Арачиново, како и Ќ.Љ.(28), Н.С.(56), И.С.(29) и Ј.С.(30), сите од село Грчец. Непосредно пред да започне акцијата, вчера вечер, во 21.20 часот, на улицата „Јадранска Магистрала“, од слобода бил лишен извесен И.С.(27), од село Крушопек. За ова лице било утврдено дека се бара со централна потерница.
„Во текот на вечерта, од полициски службеници е пронајден, лишен од слобода и предаден во притвор лицето С.И.(27) од Скопје, кај кого претходно, во неговиот дом на улицата ‘Македонска преродба’ се пронајдени 1,5 килограми марихуана.
За дел од приведените се верува дека биле непосредно инволвирани во минатонеделниот оружен напад на гости, во ресторанот на хотелот „Алрксандар Полас“.
Полицијата, со судски наредби, извршила претреси на 34 локации во населбата Ѓорче Петров, селото Грчец, потоа во Ченто, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и во Центар, а се со цел обезбедување и пронаоѓање на материјални докази кои потекнуваат од извршени кривични дела. При претресите биле пронајдени и одземени патнички возила, пиштоли, пушки, рамки за муниција и муниција, куршуми различен калибар, панцирни елеци, преносни компјутери, мемориски стикови, опрема за видео назвор, мобилни телефони со сим картички, пари во различни апоени, прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја.
Повеќе од извесно е дека за приведените ќе следат кривични пријави за сторени креивични дела: предизвикување општа опасност, загрозување на сигурноста на службено лице, неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Спонзорирано