Притворени три лица поради илегална трговија со кокаин

1766

Тројца македонски државјани се осомничени за нелегална трговија со кокаин. Станува збор за организирање на транспорт на 900 грама кокаин од Швајцарија во државава.
Според досегашните сознанија, откако братот на еден од сега осомничените, кој живее во Швајцарија, набавил кокаин, а потоа се пристапило кон организирање на транспорт.
„Еден од осомничените, кон крајот на минатиот месец, авионски отпатувал во Швајцарија, а од таму заминал на пат за дома со „сеат леон“, во која била сокриена дрогата. Поради несогласувања со неидентификувано лице, осомничениот го оставил автомобилот на бензинска пумпа во близина на Бујановац, а другите двајца осомничени со друго возило дошле по него. При обид за влез во нашата држава, на граничниот премин Табановце, осомничените биле задржани и при претрес на возилото бил пронајден клучот од паркираното возило.
„Во соработка со Вишото јавно обвинителство во Врање и српската полиција се преземени дејствија и при претрес на возилото, во делот под резервната гума, е пронајдена прашкаста материја со тежина од 901 грам која со прелиминарен тестер покажува дека се работи за наркотична дрога – кокаин. Доказите и вештачењето на дрогата во текот на вчерашниот ден се доставени до надлежниот обвинител од Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во понатамошниот тек на постапката соработката со органите на Р. Србија ќе продолжи преку меѓунарона правна помош“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство од каде и појаснувања дека акцијата на Министерството за внатрешни работи траела неколку месеци, а по обезбедени оперативни информации во текот на вчерашниот ден била реализирана акцијата.
Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а на предлог на јавен обвинител, на осомничените им изрекол мерка притвор во траење од по 30 дена.

Спонзорирано