Боки 13 во судница го „внесе“ и името на министерот Филипче

921

На продолжението на судскиот процес наречен “Рекет” обвинетиот Бојан Јовановски најмногу се интересираше за предметната торба во која имало 500.00о евра за која не кажа дали го му ја вратил на сведокот Орце Камчев во неа имало пари или не, но тој се обиде да го инволвира и министерот за здравство Венко Филпче.
Иако денеска Орце Камчев беше единствениот сведок сепак неговите одговори на моменти делуваа шокантно, па така тој рече дека торбата со парите, од неговиот дом, ја однел Бојан Јовановаки и сега осудениот Зоран Милески викан Кичеец.
„Јас сакав да има исплата за да го докажам она што го правеше Бојан Јаневски и ‘екипата’ околу него”, рече Камчев и кажа дека целиот случај е „монструозен“, бидејќи во него е инволвирана и Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Сведокот рече дека никогаш не барал од него да врти телефони на политичари и со нив да разговара на спикерфон, како и за операцијата на Јанева во “Систина”. Сеак, на состанок, во домот на Боки 13, во една прилика, бил присутен и актуелниот министер за здравство, Венко Филипче. Имено, тојму Јовановки беше тој кој инсистираше да се слушне името на министерот Филипче.
„Да, тебе ти дадов еден милион евра во торба и уште 175.000 евра на сметката на татко ти, а за потребите на телевизијата”, одговори Орце Камчев на прашање поставено од Бојан Јовановски дали некогаш му дал пари на рака. Тој рече дека сите сопственици на фирми кои во тоа време се рекламирале на „1 ТВ“ биле рекетирани од Бојан Јовановски, а како негова „ударна тупаница“ ги спомена еден новинар и една новинарка. Орце Камчев негираше дека екс-пратеничката Наташа Савова има било каква улога во дистрибуцијата на нелегално снимените материјали.
Адвокатот Дељо Кадиев, бранител на обвинетата Катица Јанева, се интересираше како е можно Камчев да не го познава лицето Лазар Јанев, а имал договор кој бил потпишан од него. На ова Камчев одговори дека на договорот стоело имато на Лазар Јанев, но тој не може да тврди дали тоа бил негов потпис или тој бил фалсификуван, а во исто време негираше дека било кој му понудил статус на заштитен сведок
Токму наводната понуда за статус на заштитен сведок беше повод обвинителката Вилма Русковска побара дополнителни појаснувања, но сведокот рече дека статус не му е нуден, но му биле барани пари.
Судењето за предметот „рекет“ продолжува во вторник за кога се очекува во својство на сведок да се појави сопругата на Орце, Ана Камчева.

Спонзорирано