Орце Камчев посведочи дека Боки 13 го уценувал за милионски суми евра!

871

Камчев рече дека од него се барале пари за фешн- молови, за домови за старци и за негово ослободување од притвор и дека Јовановски сето ова го правел во името на Катица Јанева

Судењето за случајот “Рекет” започна со изјава на првообвинетиот Бојан Јовановски кој се пожали на неговата здравствена состојба. Изјавата ја Боли 13 дојде непосредно пред сведочењето на Орце Камчев.
Камчев го започна своето сведочење со кажување дека скопскиот адвокат Васко Димишков му кажал дека е под посебни истражни мерки и дека за застапување треба да му дадат 100.000 евра. Според Камчев адвокатот му понудил “скала” на услуги и ценовник, “како на пазар”. Тој ги нарче Јовановски и Јанева “режисери”, а потоа кажа дека имал средба со Боки 13 за реклама на 1 ТВ.Камчев поседочи дека Боки 13 не бил задоволен од понудата од 50.000 евра за реклама, но тој дошол со нов предлог – фешн молови.
За да дојде до потпишување на договор било потребно земјиште и два милиони евра, иако се барале и 4 милиони евра. На последната страница стоел потписот на Лазар Јанев, а потоа уследила закана од Боки 13 кон него. Следно било понуда за изградба на дом за стари лица. На средба со него и неговите директори дошол Јовановски со Јасна Мандиќ и уште едно машко лице. По ова Зоран Милески му кажал дека треба да се смират страстите за да не го резилат на телевизијата.
Како не ги дал бараните 4 милиони евра Јовановски му објавил фотографија на Инстаграм со Катица Јанева. Од него се барало да издејствува 200 метри квадрати во зградата “Пегла”, во Кисела Вода, за стоматолошка ординација за ќерката на Стефанова.
Средба со Чифлиганец имало и таа се одржала во станот на онбинителката Лиле Стефанова.
“Кога влегов во притвор се ми стана јасно!”, рече Камчев и се повика на сега починато лице кое му кажало дека Боки 13 му земал 200.000 за случајот “Империја”. Тој му земал, на неговиот пријател, во Белград, дополителни 250.000 евра, а Јовановски пред сите го знаел и името на предметот! Понудив гаранција од 14 милиони евра за укинување на мерката притвор и за да можат да да работат компаниите.
Стефснова го прекорила за гаранцијата од 14 милиони, бидејќи такво нешто немало.
Зоран Милески пренел информација за средба со адвокатот Димишков кој, пак, наводно побарал “два, четири или шест милиони евра”! Тој го повторува обвинувањето и за судијката Весна Димишкова која, наводно, требало да замине во пензија.
По ова зачестиле средбите помеѓу Јовановски, Милески и Ана Камчева.
“Обвинителката директно ги бара парите”, рече Камчев и кажа дека имал закани со отворање на “20 нови постапки” против него.
На средба бил повикан и Дејан Панделески. Доаѓаа луѓе “како на шишање во фризерница”!
Сума од 350.000 евра, исплатени од Ана Камчева, Бојан Јовановски ги ставил во кутија за чевли и тој подарок и го доставил на Јанева. Другите 150.000 евра ги дал на Зоран Милески.
“Се што е отворено после 18. јануари е рекет-пазар. Кај него платија и ‘Тинекс” и многу други”, рече Камчев и кажа дека Јовановски ја злоупотребил и “потпретседателката на Владата, со фотографирање и со покажување на фотографии.
Јас, за јавноста сум криминалец, а вработувам 3.000 лица, а други, со блокирани сметки…”, рече Камчев.
Камчев посведочи дека сакал да му плати 150 до 250.000 евра, но Јовановски кажал дека Јанева е лута и дека бара одма милион евра, а потоа му кажал дека бара осум и уште пет милиони евра. Извадив милион евра, а заради притисок Стефанова свикала брифинг со неколку новинари на кои им давала информации од истрага
‘Бојан Јовановски секогаш знаеше два дена порано кој ќе ме повика и за што ќе бидам повикан на разговор”, рече Камчев и потврди дека Јанева му кажала дека треба да си ја заврши обврската која што ја договорил со Јовановски.
Сведокот кажа дека Јовановски се фалел дека магистрирал право во Италија и дека имал висок просек, но и тоа дека бил попаметен од сите судии, адвокати и обвинители и дека може да направи конструкција. За подигање на пари, за наводното бегство и за Финансиското разузнавање Камчев рече дека се било “Мапет шоу”.
Тој потврди дека за се го информирал премиерот Заев кој, пак, бил шокиран , но откако видел дел од доказите го упатил на обвинителката Вилма Русковска.
“За ‘Инсајдер’ знам дека сам ги конструираше работите, а му помагаше еден новинар кој денеска пишува колимни на портали и уредничката на тој ‘Инсајдер'”, рече Камчев и посведочи дека преку новинарите во 1ТВ го злоупотребил медиумот.
Директорот на УБК го посоветувал да ги чува сите хард дискови и дека може да и верува само на обвинителката Вилма Русковска.
Откако одбрана на Боки 13 постави неколку несуштински прашања, обвинетиот Бојан Јовановски, наместо прашања побара сведокот Камчев јавно да му се извини.
Одговарајќи на прашање Камчев рече дека понудите за проекти биле лажни и тој и директорите кои биле до него знаеле дека се работи за најобично рекетирале.Камчев потсети дека и телевизијата 1ТВ која имала рејтинг 1 отсто не треба да добие 200.000 евра.
Откако му беа отфрлeни, односно недозволени одредени прашања, адвокатот на Јовановски обвини дека некој од публиката му сугерирал нешто на сведокот Камчев.
Судењето продолжува со прашања од Катица Јанева и нејзините бранители.
Спонзорирано