Tри фирми денеска беа предмет на проверки, откако за две од нив се говореше дека биле искористени за да се пласираат средства за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, во висина од 400.000 евра. Она што засега е извесно е дека предмет на проверки се фирмата „Монт“, сопственост на Орце Камчев и фирмата „Полиестердеј“ која се занимава со печатење и којашто била ангажирана од ВМРО-ДПМНЕ да им ги испечати маиците за потребите на претседателската кампања. Првеверки се вршат и во фирмата „Горфактори С.А.“, во Шпанија.
Што е предмет на проверка засега никој официјално не соопштува, но се верува дека веќе утре ќе има некои поконкретни и официјални информации кои се однесуваат на овој најнов случај во кој, повторено, непосредно е инволвиран Орце Камчев. Инаку, Орце Камчев и негова сопруга Ана треба да се појават во кривичниот суд за да сведоцат за случајот наречен „Рекет“, а во кој се обвинети Бојан Јовановски и Катица Јанева.
Претрес во фирми на Орце Камчев
Спонзорирано