Поднесено обвинение за судија во Управниот суд

    1401

    Откако во мај годинава Судскиот совет му го одзема имунитетот на судија од Управниот суд, денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до скопскиот кривичен суд поднесе обвинителен акт, со кој судијата се товари за кривично дело: злоупотреба на службената положба и овластување.
    Во диспозтивот на обвинението е наведено дека сега обвинетиот, до неговиот избор за судијa во 2007 година, работел како адвокат и притоа преземал дејствија, односно ги застапувал интересите на две физички лица. Станув збор за негови роднини кои воделе оставинска постапка за градежно неизградено земјиште, во Струга, со површина од 1.958 метри квадратни. Имено, иако на нивниот правен претходник, а по спроведена постапка за експропријација на земјиштето, со спогодба му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на оставинската постапка, тој сепак повел постапка и пред Комисијата за одлучување по барањата за денационализација. Во меѓувреме адвокатот бил избран за судија во Управниот суд каде била поднесена тужба по основ на молчење на администрацијата против Комисијата за одлучување по барањата за денационализација во врска со предметот за денационализација. Вушност, се работи за истиот случај, односно предмет по кој судијата постапувал додека работел како адвокат.
    „Управниот суд оформил предмет кој бил доделен во работа на обвинетиот. Во временскиот период од 10. септември 2018 година до 24. јануари оваа година, обвинетиот, како службено лице судија, постапувајќи спротивно на законските одредби го земал преметот во работа, иако знаел дека како поранешен застапник -аддвокат на тужителите не смее да постапува и е должен да се изземе од постапувањето по однос на тужбата, но тој не ја прекинал работата врз предметот и не го известил претседателот на Управниот суд за околностите. Притоа, иако поднесената тужба била неуредна, обвинетиот не го повикал тужителот да ги отстрани недостатоците, ниту ја отфрлил тужбата, туку продолжил да постапува по неа. Преземајќи дејствија во предметот оневозможил Државното правобранителство на Р.С.М., како заинтересирано лице, да се вклучи во управниот спор и да преземе мерки и правни средства за правна заштита на имотните права и интереси на државата“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство за гонење нса организиран криминал и корупција.
    Откако добил одговор само од претседателот на Комисијата за одлучување по барањата за денационализација, обвинетиот како претседател на совет – судија, писмено го известил полномошникот на тужителите барајќи да се произнесат по повод решението, на што полномошникот на тужителите до Управниот суд на Р.С.Македонија доставил поднесок со кој ја проширува тужбата и кон решението на Комисијата и бара Управниот суд да донесе одлука во корист на тужителите. Обвинетиот, иако бил должен, вака уредената тужба да ја достави на одговор до надлежното Државно правобранителство за подрачјето на Струга, тој тоа не го сторил, туку, во рок од три дена, донел пресуда.
    „Злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, спротивно на законските одредби предметниот недвижен имот – крајбрежен појас – плажа во Струга, со пресуда, го вратил во приватна сопственост и тоа на барателите иако земјиштето претставува јавно добро и не смеело да биде вратено во приватна сопственост. Во исто време, за недвижен имот со површина од 171 метри квадратни крајбрежен појас што не смеел да биде вратен во приватна сопственост тој определил надомест во износ од 119.700 денари во вид на обврзници за денационализација.
    Државното правобранителство на подрачјето на Струга не поднело жалба, а обвинетиот со својот потпис овозможил пресудата да стане правосилна и врз основа на неа барателите да се впишат како сопственици во книгите на Агенцијата за катастар на недвижности. Десетина дена подоцна тие склучиле договор за купопродажба на предметниот имот, со познаник на сега обвинетиот судија.

    Спонзорирано