Три години затвор за Зоран Милески – Кичеец

2920

Зоран Милески викан „Кичеец“, обвинет за кривично дело: примање награда за противзаконско влијание, по само едно едно рочиште е осуден на ефетктивна затворска казна во траење ое три години.
Судењето на Кичеец доаѓа по вчерашниот старт на судскиот процес за предметот наречен „Рекет“, а во кој како обвинети се јавуваат Бојан Јовановски викан Боки 13 и екс-шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева. Имено, за разлика од двајцата споменати, Зоран Милески вчера го призна сторувањето на делото за кое што е обвинет и поради тоа за него беше иницирана нова судска постапка. Судот, при изрекување на пресудата го имаше в предвид фактот дека Милески го призна делото, а како олеснителна околност е земен и фактот дека тој никогаш порано не бил во судар со законот.
Зоран Милески беше обвинет дека како лице кое било блиско до семејството Камчеви, одржувал контакти со Бојан Јовановски и Катица Јанева и дека учествувал во земањето на 1,5 милиони евра.

Спонзорирано