Боки 13 и Катица не чувствуваат вина, а Зоран Милески ја призна!

1595

И додека Катица Јанева „не чувствува вина ниту трошка“, на Зоран Милески викан „Кичеец“ ќе му се суди во одвоена постапка од слуалчјот „Рекет“

Во својот воведен збор обвинителката Вилма Русковски рече: „Имаше еден филм. Се викаше ‘Чарлиевите ангели’ и имаше и една глумица: Катица Јанева, која влезе во мрежата на самопрогласената естрадна ѕвезда Бојан Јовановски. Можеби ќе си речете дека е од наивност и осаменост, но не е така! Од алчност е! Катица Јанева не го предаде само СЈО, туку го предаде целиот народ.

 

 

 

Љубиша Станковиќ

 

Уште незапочнат, судскиот процес наречен „Рекет“ за третообвинетиот Зоран Кичеец е завршен, бидејќи тој го призна сторувањето на делото за коешто е обвинет. На Милески, инаку викан „Кичеец“ ќе му се суди во одвоена постапка, но тоа не е случај со првообвинетиот Бојан Јовановски со прекар „Боки 13“ и екс-шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева.
„Не чувствувам вина ниту трошка!“, рече Јанева во својот воведен збор, отако претходно тоа го стори и обвинетиот Бојан Јовановски, но затоа, пак, јавната обвинителка Вилма Русковска жестоко се нафрли на сите обвинети во предметот насречен „Рекет“, односно во случајот кој се однесува на земање пари од Орце Камчев кому за возврат требало да му се издејствува ослободување од натамошен кривичен прогон.
Во својот воведен збор обвинителката Вилма Русковски рече: „Имаше еден филм. Се викаше ‘Чарлиевите ангели’ и имаше и една глумица: Катица Јанева, која влезе во мрежата на самопрогласената естрадна ѕвезда Бојан Јовановски. Можеби ќе си речете дека е од наивност и осаменост, но не е така! Од алчност е! Катица Јанева не го предаде само СЈО, туку го предаде целиот народ. Обвинителството ќе презентира несоборливи докази дека Јанева свесно и со умисла изнесувала доверливи детали пред Бојан Јовановски за постапки што се службена тајна. Ова го сторила со цел да може да бара пари и тие да добијат условни казни или да бидат заштитени сведоци“, обвини Русковска и рече „Јанева е срам за јавното обвинителство“, а потоа ја обвини дека таа изнесувала докази уште во предистрага на Јовановски. „Јавноста знае дека контактите со Орце Камчев оделе преку Јовановски, но не било така, а тоа ќе го потврди и сведокот Ана Камчева“, рече обвинителката Русковска и кажа дека обвинетиот Милески се прикажувал како да му е брат на Орце Камчев, но дека тоа не му пречело да ја ја земе торбата со 1,5 милиони евра.
На стартот на овој судски процес најнапред му претходеше доцнење на спроводот на Јовановски во траење од 45 минути, а потоа судијката Васка Николовска – Масевска наложи прекин за да може медицински тим да го прегледа Јовановски.
“Добро е што денеска во судницата има толку голем број на новинари за да може јавноста објективно да биде информирана за текот на овој судски процес”, рече судијката Николовсла-Масевска непосредно пред формалното започнување на постапката, а потоа кажа дека Јовановски, на први овој месец, од Градската болница „Осми септември, без наод, бил вратен во затворот „Скопје“ и дека лекарите кои го прегледале констатирале дека тој може да го следи текот на судската постапка.
Јовановски тврдеше дека дека не се чувствува добро, а неговиот бранител, кој се однесува како да е негов личен лекар, кажа дека под секаква одговорност ќе тврди дека на Боки 13, наводно, не му била давана никаква терапија.
На кажано реагираше обвинителката Вилма Русковска која реќе: “Судија, јас верувам дека она што го напишале лекарите е точно и мислам дека се што сега се наведува е во насока на одолговлекување на постапката!”
Инаку, судечкиот совет донесе решение со кое се одбива предлогот на одбраната на Катица Јанева, како докази, да бидат издвоени нејзините телефонски разговори со Орце Камчев, а беше отфрлен и предлогот за организирање на подготвително рочиште.

Откако странките во постапката ги доставија своите листи со предлози на докази се огласи и адвокатот Александар Михајловски, кој како правен застапник на Орце Камчев, рече дека неговиот клиент се вклучува во кривичниот прогон на Катица Јанева и на Бојан Јовановски и дека од нив побарува штета од 1,5 милион евра!
Бојан Јовановски, во својот воведен збор, кажа дека „живеел за денот, кога ќе дојде моментот, да говори за јавниот линч на кој е подложен”. Тој себеси си смета како “искусен правник”, но дека му замера на јавниот обвинител што го нарекол „естрадна ѕвезда”. Според Боки 13 овој предмет е несреќно наречен “Рекет” и дека, наводно, бил загрозен неговиот и животите на неговите најблиски. Тој потврди дека има блокирана сметка, а за себе кажа кажа дека во „1ТВ“ бил вработен како “прокурист”?!

Спонзорирано