УЈП со кривична пријава за „Меѓународен сојуз“, „Томато продукција„ и „БЈМ медиа Груп“

1272

Управата за јавни приходи со кривична пријава за три правни лица кои се доведуваат во контекст на кривичниот предмет наречен „Рекет“, а во кој главни „протагонисти“ се Бојан Јовановиски алиас Боки 13 и екл шефицата на сега веќе расфомираното Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева.
Креивичната пријава на УЈП, која доаѓа како резултат од извршени контроли, се однесува на невладината организација „Меѓународен сојуз“, на „Томато продукција“, односно фирмата која за потребите на 1ТВ ги отстапи не само своите простории, туку и техниката, како „БЈМ медиа Груп“, односно компанијата во чие име се наоѓаат иницијалите на Бојан Јовановски и неговиот татко Миле, а која, пак, се јавува како основач на сега веќе непостоечката „1ТВ“.
Од УЈП не се соопштуваат детали поврзани со интерната истрага, но нема дилеми дека содржината во пријавата произлегува од наодите на интерната истрага. УЈП навести дека нивните контроли нема да го утврдуваат потеклото на парите, туку дека ќе се проверува дали за платите и хонорарите се плаќал данок.

Спонзорирано