И Здружението на судии со поддршка на кривичниот суд

1095

И Управниот одбор на Здружението на судиите, преку таканаречена телефонската седница којашто е денеска одржана, расправал за новонастанатата состојба во скопскиот кривичен суд и притоа дал потполна согласност на соопштенијата на судот и најостро ги осудува сите видови на напади врз независноста на судството, интегриететот на судиите и нападите врз работата на судиите.
„Управниот одбор уште еднаш ги осудува сите видови на опострукција на правдата и ги повикува сите надлежни институции во рамките на нивните надлежности да преземат конкретни активности во насока на обезбедување на принципот на владеење на правото и целосното функционирање на правната држава“, се вели во сопштението на Здружението на судии.
Денеска со поддршка на кривичниот суд излезе Судскиот совет, откако судот побара негово и мислење од уште неколку други институции.

Спонзорирано