Судскиот совет: Адвокатот не смее да се заканува, а за поротникот ќе се расправа на 27 овој месец

1540


Судскиот совет на Република Северна Македонија со експресен одговор на писмото со кое скопскиот кривичен суд реагира на однесувањето на адвокатот Јовица Страшовски, бранител на екс градоначалникот на Општина Гази Баба, во случајот наречен „ТНТ“, а кој се однрсува на незаконското уривање на објектот наречен „Космос“, сопственост нс бизнисменото Фијат Цаноски’:
Имено, Судскиот совет го осудува однесувањето на адвокатот Јовица Страшовски, односно неговите закани упатени кон судија-поротник, кон претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје и на претседателот и членовите на Судскиот совет.
„На овој начин адвокатот Страшовски покрај улогата на бранител, настојува да ја менаџира постапката во случајот ‘ТНТ’, да ја превземе и улогата на судија, спротивно на принципот на владеење на правото чии сегмент е и принципот на судење во разумен рок. Судскиот совет не може да се меша во менаџирањето со предметите, но е заинтересиран постапките да се завршат без одовлекување во разумен рок“, се вели во писмената реакција на Судскиот совет од каде инфоремираат дека барањето на претседателот на скопскиот кривичен суд, за продолжување на мандатот на судија-поротник, беше ставено на дневен ред на 328-та седница на Судскиот совет, од 25. минатиот месец и дека еден дел од точките од дневниот ред беа одложени за 30. декември 2019. година, не дека поради немање кворум за одлучување и потребата материјалите да бидат доставени на увид и проучување на новоизбраниот член на Советот, седницата е одложенма за 27. овој месец.

Спонзорирано