Скопска „единица“, по опструкциите во предметот наречен „ТНТ“, се писмо до надлежените институции!

1331

Серијата (не)успешни обиди на одбраната на обвинетите во случајот наречен „ТНТ“ да го одложува судскиот процес денеска предизвика реакција на кривичниот суд кој писмено се обрати до Судскиот совет и до, како што е наведено: „сите институции -надлежни за заштита на судската независност и непристрасност“.
Во писмената реакција на судот стои дека нивната реакција доаѓа по се позачестените и се поинтензивните изјави, а всушност закани и притисоци, кои судија-поротник ги добива од адвокатите инволвирани во судската постапка. Токму поради ова Основниот кривичен суд Скопје апелира до Адвотатската комора, Министерствтото за внатрешни равботи и до Јавното обвинителство, да преземат адекватни мерки и да ги истражат елементите на закани и притисоци упатени кон судот и судијата-поротник, а се со цел да се заштити независноста и непристрасноста во остапувањето.
„Зачудува фактот што јавните закани-притисоци се генерирани од поединци кои се странки во судска постапка. Изненадува нивниот неетички и непрофесионален однос кој е без почит кон судот и е надвор од надлежностите на еден адвокат-бранител на обвинет. Притисок – закана, со поднесување на кривична пријава кон судски поротник, кој активно учествува во водењето на судската постапка и учествува во носењето на одлуката, е сериозен акт и класичен пример на атак врз независноста и непристрасноста на судското одлучување, дотолку повеќе што во конкретниов случај заканата е генерирана од адвокат кој е учесник во истиот судски предмет во кој постапува нападнатиот поротник. Укажуваме дека, доколку странките имаат забелешки на работењето на судот, постојат правни лекови и законски инструменти со кои може да се побива судското постапување и судските постапки. Заканите и притисоците, особено во време на активна судска постапка, не смее и не може да биде опција во една демократска држава во која сите тежнееме кон владеење на правото“, се вели во соопштението на судот, а коешто е лиферувано и во јавноста. Тие потсетуваат дека обврска е на судијата – поротник да ја извршува својата функција се додека не биде разрешен од страна на Судскиот Совет на РСМ, а се укажува и на тоа дека ќе се инсистира на судење во разумен рок, што е законска обврска, но и интерес на обвинетите кои тежнеат да ја докажат својата невиност, како и на оштетените кои ги бараат своите права. Судењето во разумен рок е во интерес и на правната држава и владеењето на правото. Во правец на погоренаведеното е и Барањето да се продолжи мандатот на конкретниот судија поротник, бидејки нелогично е и неиздржано е поротник кој 2,5 години посветено учествувал во судската постапка, поротникот да се разреши поради протек на мандат, кое нешто би иницирало постапката да почне одново.
„Имајки го в предвид наведеното очигледно е дека поединци/адвокати се вистински кочничари на оваа судска постапка, па дури во дадена ситуација може да се каже дека работат и спротивно на интересите на обвинетите. Во таа смисла судот го перцепира и инсистирањето на друг адвокат од истата постапка, кој и покрај фактот што тој лично во мноштво други судски постапки го користел исклучиво службениот јазик, чие активно користење е услов за добивање на адвокатска лиценца, согласно Законот за адвокатура, во оваа постапка инсистира да го користи неговиот мајчин јазик кој дури ни неговиот клинет не го разбира. Било какви отстапки од ЗКП, кој го регулира користењето на јазиците во судската постапка, може да повлече низа на опструкции во сите останати судски предмети во државата што може да доведе до колапс на правосудниот систем“, се вели во писмената реакција на скопскиот кривичен суд од каде велат дека ваквото обраќање има само една цел, а тоа е да се избегне вршење на опструкција во работата на судските предмети, кои се во завршна фаза и оневозможување да се одолговлечат судските постапки, во смисла на повторување или застарување на истите. Судот цени дека оваа пракса мора да престане и да се прекине, а цени дека на тој начин ќе се допринесе во реформирањето на судскиот систем.

Спонзорирано