Постапка за кавадарчанец кој ја загрозувал безбеднота на градоначалникот на Кавадарци

2213

Основното јавно обвинителство во Кавадарци отвори постапка за едно лице кое во изминатите неколку месеци ја загрозувало сигурноста на кавадаречкиот градоначник, Митко Јанчев и на неговото семејство. Постапката се однесува на 40-годишник кој се сомничи дека сторил кривични дела: загрозување на сигурноста и насилство.
Неколку месеци наназад, односно од август до 29. минатиот месец, сега осомничениот, во повеќе наврати, психички го малтретирал и го навредувал градоначалникот Јанчев и неговото семејство, со што кај нив предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Психичкото насилство започнало со закани и со објавување статии полни со клевети и навреди по социјалните мрежи.
Осомничениот повикувал и други лица, користејќи се со повици во кои се содржат зборови од насилна природа. Тој континуирано го следел оштетениот и неговото семејство, ја фотографирал куќата во која тие живеат и преку нивни роднини им упатувал сериозни закани. Ваквото однесување на осомничениот било пријавувано во полициската станица во Кавадарци, од каде неколку пати бил опоменуван, но и покрај тоа тој продолжил да врши психичко насилство и да ја загрузова сигурноста на оштетениот. Насилството кулминирало вечерта на 28 декември, откако осомничениот, поради фотографирање на домот на Јанчев, бил повикан во полициска станица, односно кога, друго лице, му се јавило на Јанчев и притоа му упатил сериозни закани.
Заканите продолжиле со објави преку социјалните мрежи. Насилникот повикувал градоначалникот „да плати со крв и месо“. Со вака искажаните закани, според објаснувањата на обвинителството, исполнето е битието од кривичното дело: загрозување на сигурноста, а за ова дело е запретена затворска казна во траење од најмалку 5 години. Со психичкото малтретирање на градоначалникот Јанчев и на членовите на неговото семејство, кај кои предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, осомничениот ги исполнил елементите на кривичното дело: насилство.
На барање на Јавниот обвинител, Судија на претходна постапка од судот во Кавадарци, на осомничениот му изрекол мерка притвор во траење од осум дена.​

Спонзорирано