На листата на обвинети, освен Бојан Јовановски се наведени и имињата на Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Христина Блажевска и Миле Јовановски, како и невладината организација „Меѓународен сојуз“

 

Како што и најави Вилма Русковска, шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, уште на третиот ден од оваа календарска година е поднесено обвиниение за Бојан Јовановски викан Боки 13, за неговите најблиски соработници и за невладината организација наречена „Меѓународен сојуз“. Имено, денеска Обвинителството до скопскиот кривичен суд поднесе обвинителен акт кој се однесува на пет физички и едно правно лице. Оттаму не се соопштуваат имињата на сега обвинетите, но се претпоставува дека се работи за оние лица кои, во својство на осомничени, беа повикувани на распит во Обвинителството, односно за Бојан Јовановски, Јасна Мандиќ, заменик-претседателка на невладината организација, пратеничката Фросина Ременска-Ташевски, Миле Јовановски, татко на Боки 13 и вработениа Христина Блажевска, како и самиот „Меѓународен сојуз“.
„По спроведена сеопфатна истражна постапка надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска, до Основниот кривичен суд -Скопје, достави обвинителен акт против пет физички и едно правно лице. Со дејствијата опишани во овинителниот акт кривичното дело: измама, предвидено и казниво по член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик му се става на товар на првоосомничениот, а три лица се обвинети за помагање во извршувањето на истото кривично дело, воедно за кривичното дело: измама по член 247 став 8 во врска со став 4 во врска со став 1 е обвинето и правното лице. Првообвинетиот се товари и за кривично дело: перење пари и други приноси од казниво дело, по член 273 став 1, при што три лица се обвинети дека му помогнале во извршувањето на ова кривично дело. Едно лице, освен за помагање при перење пари и други приноси од казниво дело е обвинето и за кривично дело: неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 1 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението на Обвинителствто за гонење на организиран криминал и корупција.

Според наводи од диспозитвот на обвинителниот ак, во периодот од 08. јули 2017 до 13. април следната година, Бојан Јовановски, како претседател на невладината организација „Меѓународен сојуз“, со намера да прибави противправна имотна корист ги искористил документите од правното лице и две оштетени лица – управители на друштва ги довел и одржувал во заблуда. Тој на сопствениците на градежните компании „Пелистер“ од Битола и „Дрим билдинг“ од Струга, лажно им прикажувал дека ќе обезбеди државно, неизградено земјиште на кое ќе може да се изгради наводен Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, но и субвенции од страна на државата. Откако му поверувале на кажаното сега оштетениете, преку „Македонска авторска агенција“, на Боки 13 му исплатиле 719.905, односно 233.821 евра.
„Тројца обвинети, со умисла му помогнале на првообвинетиот во измамата. Две обвинети лица му ставиле средства на располагање – ги изготвувале договорите, ги подигале уплатените пари и му ги давале на рака на првообвинетиот и со умисла му помагале да ги пушти во оптек иако знаеле дека потекнуваат од кривично дело: измама и примање награда за противзаконито посредување“, појаснувааат од обвинителството. Обвинетата Јасна Мандиж, откако Боки 13 ќе и дадел готовински средства, иако немала никакво легално покритие, ги уплаќала во вид на донација или по основ на позајмица на правните лица поврзани со првообвинетиот, а третообвинетата „со својот углед и авторитет го поддржувала првообвинетиот на средбите со оштетените, давајќи му совети и упатства за да оштетените стекнат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите“.
Постариот Јовановски, односно таткото на Боки 13 и ко-сопственик на продукцијата која поседуваше и сопствена телевизија, иако знаел дека парите потекнуваат од кривично дело му помогнал на синот да ги пушти во оптек, односно откако Боки 13 ќе му дадел кеш тој ги уплаќал на својата девизна сметка, еден дел пренесувал на сметките на правните лица и тоа по основ на поврат на позајмица, а дел ги подигал во готовина и повторно ги уплаќал на правните лица, пак по основ на позајмица. Инаку, освен наведеното, Миле Јовановски, во својот дом, неовластено држел три полуавтоматски пиштоли и муниција.

( Љ.Станковиќ )

Спонзорирано