Една година затвор кој се заменува за условна казна во траење од по две години им се изречени на петтемина обвинети во случајот кој се однесува на поранешниот гадоналалник на скопската општина Карпош, Стефче Јакимовски, инаку обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и за бесправно градење.
Изрекувањето на казните за петтемина, од вкупно осуммина обвинети и вработени во општината, се само формалност, бидејќи тие се согласија да признаат вина за делата за кои беа обвинети, односно по нивното признание дека учествувале во предизвикувањето на штета која се проценува на повеќе од 600.000 евра. Имено, како што пишувавме неодамна, закажаното судско рочиште, кое требаше да се одржи на 26. минатиот месец и на кое требаше да се врши оцена на обвинителниот, се одложи откако на четворицата обвинети кои порано се согласија на спогдување им се приклучи уште едно лице.
Обвинителството уште по најавата дека неколкумина од првичните 11 обинети прифатиле признание на вина во замена за полесна казна појасни дека откако ќе биде постигната спогодба тие, таквите предлог – спогодби ќе ги достават до судија на претходна постапка, кој, пак, во рок од три дена од приемот ќе треба да закаже рочиште.
Самото обвинение, во негова изворна форма имаше имиња на 11 лица, односно имињата на градоначалникот Стефчо Јакимовски, осуммина административни службеници од општина Карпош и две одговорни лица во правно лице – изведувач и надзор. Сега, оние што останаа ќе одговараат за финансиските махинации направени со изградбата на новата општинска зграда.
Условни казни за петмина општинари кои беа обвинети заедно со Стефче Јакимовски
Спонзорирано