2019 -Година на судиите

3748

Оние кои со години бараат правда ќе ви кажат за наводна листа на која се наоѓаат имиња на 12 судии и осум јавни обвинители кои треба да бидат разрешени и затворени. Не можам да тврдам дека таква листа постои и да шпекулирам со имиња, но дека има многу кои треба да им се причклучат на Теофиловски, на Вангеловски и Панчевски – тоа е повеќе од сигурно!

Љубиша Станковиќ

Со денови наназад ја прелистував мојата архива за да можам да констатирам што е тоа што во правосудствто ја одбележа минатата 2019 година.
Во потесниот избор за „случување на годината“ се најдоа законите кои претрпеа промени и дополнувања, бројните судски процеси кои или се одложуваа или застаруваа, апсењето и притворањето на сега веќе поранешната јавна обвинителка од, исто така, бившото Специјално јавно обвинителство.
За законите ми се чини дека е сосема во ред и сосема нормално да претрпат измени и како такви да бидат изгласани во законодавниот дом и токму поради тоа оваа „ставка“ испадна од конкуренцијата којашто самиот ја замислив, самиот и креирав критериуми и самиот бев жири кое одлучува.
Нешто слично беше и со судските процеси кои се случија во текот на минатата година. Одложувања, презакажувања, застарувања….Се се тоа работи кои ги гледаме со години наназад и затоа потворно „мериторно пресудив“ дека и ова треба да испадне од трката за наста на годината во правосудството.
Апсењето на екс- специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и на уште некои маргинални ликови кои биле во нејзина придружба го доживеав како скандал кој го потресе не само правосудниот систем, туку и целата земја. Да бидам искрен скандалот наречен „Рекет“ беше фаворит во изборот, но се се сетив дека уште многу ред да избие на виделина јас бев тој кој зборуваше дека на некои луѓе не смееш да им дадеш нешто што е нацртано, бидејќи ќе го украдат, а не, пак, да си играат телевизија, со лажни истражувачки стории. Може некој ќе ми замери, но вистината е дека Орце Камчев го разби здружението кое наместо да се бори за правда и правдина се стави на страната на криминалот и корупцијата. Во ушите се уште ми одѕвонуваат зборовите на обвинителката Вилма Русковска која на стартот на судењето за случајот „Рекет“, во воведен збор рече дека веќе не се доведува во прашање дали е сторена изнуда или не, туку дека Јанева ги изневерила очекувањата на народот, кој само сака правда која токму таа требаше дса ја донесе.
И можеби овој случај заслужува победа и „прво место“, но моите укажувања на одредени нелогичности ( а кои никако не можат да се подведат како новинарство и медиум) им ја одземаа титулата на Јанева, Јовановски, Милески, Камчев и на „Рекет“.
Претпоследниот ден од минатата календарска година, со отворање на истрага во која главен лик е судија, член на Судскиот совет, како да го навести победникот. Зоран Теофиловски, долгогодишен адвокат, судија и заменик претседател на гостиварска Апелација, ја затвори листата на судии кои, веројатно никогаш повеќе нема да влезат во судовите, се разбира, освен ако не бида спроведувани како осомничени или обвинети.
Сите оние кои со години бараат правда ќе ви кажат за наводната листа на која се наоѓаат 12 судии и осум јавни обвинители кои треба да бидат разрешени и затворени. Не можам да тврдам дека таква листа постои и да шпекулирам со имиња, но дека има многу кои треба да им се причклучат на Теофиловски, на Вангеловски и Панчевски – тоа е повеќе од сигурно!
Како своевиден триумфализам беше доживеана одлуката на Судскиот совет да го разреши Јово Ваглеловски од судиската функција и тоа во моментите додека тој претдседаваше со Врховниот суд. За негово разрешување глас дадоа седум од 10-темина членови на Судскиот совет, но за постапување, односно за утврдување на негова нестручност во случајот со Сеад Кочан и за одлучување по покрената иницијатива на здружението „Зелена лупа“ се чекаше повеќе од две години.
Ништо полесно не мина ни случајот со сега веќе разрешениот Владимир Панчевски. Неговото детронисување одеше „на рати“. Имено тој кон средината на јули беше суспендиран од работното место, по сериозни обвинувања дека како претседател на скопскиот кривичен суд самиот бил АКМИС систем, односно дека тој самиот одлучувал кој судија ќе постапува во конкретен предмет. На шест дена пред истекот на мината година, со 9 гласа „за“ и само еден „против“, Панчевски беше разрешен од судиската функција.
На човекот кој уште како малолетник е регистриран како провалник во станови и кој е правосилно осуден за мобинг врз вработен, сега му е отворен патот кон судниците во велешкиот суд каде треба да одговара за стореното.
За една година од листата на судии се симнати троица, но кога веќе Судскиот совет се охрабри да разрешува, останува да веруваме дека оваа година ќе биде уште поуспешен!

Спонзорирано