Прифатено обвинението за организаторите на бруталните протести од 27. април

    2733

    Обвинителниот акт се однесува на екс- министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски и Владимир Атанасовски, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање

    Скопскиот кривичен суд, во само неколку реченици, потврди дека Советот за оценка на обвинителен акт го прифатил обвинението кое се однесува на организаторите на крвавите протестио од 27. април 2017 година.
    Судот, како и многу пати досега инфоремира поради пројавен „интерес на медиумите“, и во скудното соопштение наведува дека обвинителниот акт е прифатен во целост и дека веќе е оформен предмет кој, согласно АКМИС – системот, ќе биде распределен кај избран судија.
    Иако од судот не се сооштува речеси ништо, сепак се дознава дека се работи за лица чии што имиња се споменуваат како организатори на бруталната пресметка на граѓани со безмалку сиче пратеници на тогашната опозиција.
    Имено, обвинителниот акт се однесува на екс- министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски и Владимир Атанасовски, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, а сите тие се товарат за сторено кривично дело: терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик“.
    Случајот со организаторите на „крвавиот четврток“ долго време се подготвуваше, а некаде кон крајот на минатиот февруари, по налог на Основното јавно обинителство за гонење на организиран криминал и корупција, да издаде налог за приведување на сега обвинетите. За волја на вистината, тогаш, на листата на осомничени беа и имињата на поранешниот премиер Никола Груевски и на екс-началникот во УБК, Горан Грујевски, но со оглед на тоа што овие двајца се во бегство и се водат како недостапни на поднесеното обвинение не се и нивните имиња.
    Според она што тогаш беше кажано сега обвинетите, на почетокот на 2017 година, подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на РМ, на 27 април истата година. Обвинетите, како организатори на немирите, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите. Тие, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на маса народ во законодавниот дом, а во нивната реализација биле вклучени патриотски здруженија, но и лица кои биле подготвени за извршат брутално насилство. За целосна реализација на планот тие извршиле мобилизација на парттиското членство како во Скопје, така и повеќе други градови. Инаку, еден од групата организатори, во возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, пред републичкото собрание, делел огнено оружје и панцирни елеци на лица коишто протестирале, а кои имале претходно искуство во ракување со оружје. Со ваквите активности групта предизвикала чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните.
    По извршен расприт пред Судија на претходна постапка Миле Јанакиески и Спиро Ристовси завршија во притвор, но затоа, пак, Трајко Вењаноски, откако се повикал на својот пратенички имунитет, се спаси од заминување во „Шутка“.
    (Љ.С.)

    Спонзорирано