Во скопскиот кривичен суд денеска е изречена затворска казна во траење од седум години за лице кое се товареше за сторено кривично дело: трговија со дете. Се работи за настан кој е од постар датум, но случајот излегува надвор од границите на државата и токму поради спецвификата за него информира Јавното обвинителство.
„По одржана главна расправа на која беа изведени материјални и вербални докази, во Основниот кривичен суд – Скопје е објавена пресуда со која обвинетиот Т.Д. е огласен за виновен за сторено кривично дело: трговија со дете од член 418-г став 1 од Кривичниот законик и е осуден на казна затвор во траење од 7 години“, се вели во соопштебнието лиферувано од Обвинителствто од каде и појаснувања дека предметниот настан се случил во 2013 година кога сега осудениот ја присилил на брак неговата 17 -годишна ќерка, односно ја продал, за 6.000 евра, на семејство во Словенија. Девојката, по продажбата, била третирана како предмет на купување, за што надлежниот суд во Марибор, во декември 2015 година, ги осудил нрјзиниот сопруг и неговите родители на ефективни затворски казни.
Словенечкиот јавен обвинител за случајот го информирал Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а набргу потоа била отворена и истрага за таткото на девојката. Истрагата покажала дека родителите на момчето го договориле бракот, дека таткото на малолетната девојка дал согласност да ја даде, а за возврат да земе пари од човек којшто прв пат го видел и дека кога таа се спротивставила на нејзина продажба тој физички ја нападнал, а потоа ја присилил на брак.
Затвор за лице кое за 6.000 евра си ја продало ќерката
Спонзорирано