Три жалби за притворот за Мијалков

1139

Скопскиот Апелационен суд се уште нема утврдено термин за одржување на седница на која Кривичен совет ќе треба да решава по жалбите поднесени од одбраната на притворениот Сашо Мијалков, која бара ново укинување на мерката притвор. Како што е веќе познато Сашо Мијалков, во минатот петок, за сторено кривични дело: примање награда за противзаконито влијание, за кое се товареше во предметот наречен „Титаник 2“, беше осуден на казна затвор во траење од три години, а поради постоење на опасност од бегство нему, по втор пат, му беше изречена мерка притвор.

„Секако дека ние, како бранители на обвинетиот Сашо Мијалков, не сме задоволни не само од висината на изречената казна, туку и од мерката притвор и затоа јас, но и колегите Миле Петровски и Петар Василев поднесовме жалби. Очекуваме судот да ги прифати нашите аргументи.“ – изјави Шврговски.

Токму адвокатот Шврговски беше еден од оние кои беа непријатно изненадени од пресудата за случајот „Титаник 2“. Само кратко по објавата на неправосилната пресуда тој рече дела неговите очекувања биле дека судот на Мијалков ќе му изречел ослободителна пресуда.

Мерката притвор која што му беше изречена на Мијалков, за Шврговски е правен преседан, бидејќи за дело кое што се гони со обвинителен предлог судот, наводно, изрекол висока казна, а во исто време го прифатил предлогот на Специјалното јавно обвинителство за изрекување на мерка притвор. Петочното притворање на Мијалков е негово второ влегување во затворот „Скопје, откако во ноември, минатата година, како осомничен во предметот „Империја“, му беше изречена мерка притвор.

Одлуката за притворање на Мијалков беше донесена од Судија на претходна постапка, а беше потврдена и од Кривичен совет на Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Имено, судот го прифати мислењето на СЈО дека тој може да се даде во бегство или да влијане врз сведоци. Притворот на Мијалков му беше заменет со куќен притвор, откако тој понуди гаранција од милион евра, но тогаш Апелација доби согласност и од Специјалното јавно обвинителство.
Целиот текст на 24.мк

Спонзорирано