„Траекторија“ за Никола Груевски ќе застари?!

1308

Според пишувањето на порталот „Сакам да кажам“ многу е веројатно бегалецот Никола Груевски да се спаси од обвинувањата за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание, односно од обвинувањата за предметот „Траекторија“.
Имено, порталот цени дека делото за кое Груевски е обвинет е пред застарување, иако нему му беше запретена затворска казна во траење од три години, но она што е најбитно е е дека за евентуалното застарување вината треба да се бара кај судијата Стојанче Рибарев, кој во тоа време јуа вршеше функцијата в.д.претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
Од „СДК“ потсетуваат дека обвинение за „кинеските провизии“ е поднесено на први март минатата година, но дека поради опструкции од кривичниот суд, воведни зборови на СЈО можеа да се слушнат по цели девет месеци. Порталот таксативно набројува примери кои упатуваат на перманентни опструкции, како од обвинетите и нивните бранители, така и од самиот судечки совет.
Во „Траекторија“, освен Никола Груевски, обвинети се екс-министрите Миле Јанакиески и Владимир Пешевски, како и Љупчо Георгиевски, поранешен директор на Агенцијата за патишта, но тие се товарат за сторена злоупотреба на службената положба и овластување.

Спонзорирано