Скопска Апелација ги потврди казните за осудените за „Диво насеље“

    1047

    Скопскиот Апелционен суд со отфрлање на жалбите на неправосилно осудените за случувањата од девети мај 2015. година, во кумановското Диво насеље, всушност само ги потврди казните коишто ги изрече кривичниот суд.
    Како што е познато, судечки совет на скопска „единица“ на втори ноември 2017. година изрече седум доживотни затворски казни, а други 13 лица беа осудени на по 40 години. Шестмина терористи беа осудени на 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица беа ослободени од виновност.
    Осудените беа обвинети за кривични дела тероризам и терористичка организација. Во нападот врз безбедносните сили оваа терористичка група уби осуммина полицајци, а уште 42. други нивни колеги минаа со повреди нанесени од огнено оружје.

    Спонзорирано