СКОПСКИОТ КРИВИЧЕН СУД ГО ЗАКАЖА РЕСТАРТОТ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ЛИКВИДАЦИЈА“

1171

Скопскиот кривичен суд, за втори јули, го закажа новото, повторено судење за предметот наречен „Ликвидација“. Од судот потврдуваат дека до странките веќе се испратени покани заради нивно присуство на судскиот процес.
Повтореното судење за „Ликвидација“, а во кој предмет како обвинет се јавува и новинарот Томислав Кежаровски, доаѓа по одлуката на Врховниот суд, јавно објавена на шести овој месец, да се укинат пресудите на скопска „единица“ и на Апелациониот суд во Скопје, а судењето да започне од почеток.
Како што е познато, меѓу осудените беше и Кежаровски кому заради, наводно, откривање на идентитет на загрозен сведок му беше изрече затворска казна во траење од четири години и шест месеци, но казната му беше намалена на две години затвор. Кажаровски пет месеци беше во затворот „Скопје“, каде издржуваше мерка притвор, а потоа судот му ја замени оваа со мерка куќен притвор.
Во меѓувреме Здружението на новинари побара Обвинителство да го повлече делот од обвинението кој се однесува на Кежаровски. Од Здружението најавија дека ќе се инсистира на правичност, бидејќи сега е време да се се истрави сторената неправда кон Кежаровски.

( ТВ 24)

Спонзорирано