ЛАЖНИ ПАРТИСКИ ПОРТПАРОЛИ СО ИЗМАМА ДО 750.000 ДЕНАРИ

608

Единицата за економски и компјутерски криминал до скопското Основно обвинителство поднело кривична пријава за две лица за сторени кривично дело измама. Како што потврдуваа од Министерството за внатрешни работи, одбносно од СВР-Скопје, станува збор за лицата Б.Н.(37) и Т.П.(58), двајцата од Скопје. Имено, првопријавениот, во договор со сега второпријавениот, минатиот, но и овој месец, во неколку наврати, од раководно лице во приватна фирма, побарале и примиле парични средства во износ од 750.000 денари. Тие на раководното лице му кажале дека парите што ги бараат, наводно, ќе бидат искористени како донација за финансирање на изборна кампања на една политичка партија.
Второпријавениот од оштетениот побарал и примил 200.000 денари, откако лажно се претставил дека е портпарол на политичка партија. После ова, сега пријавените, уште во два наврата, побарале и примиле парични средства од оштетениот, уште 550.000 денари, наводно за финансирање на тековните трошоци на изборната кампања на политичката партија.
По добивање на пријава, СВР-Скопје презеде соодветни мерки и со претходно издадена судска наредба извршен е претрес на дом, лице и на превозно средство заради пронаоѓање на траги и предмети при што одземени се предмети како доказ во кривичната постапка. По завршувањето на претресот, пријавените се лишени од слобода.

Спонзорирано