Инспекторка на УЈП од Кавадарци обвинета дека барала поткуп

1816
Основното јавно обвинителство – Кавадарци поднесе oбвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело „примање поткуп“ од член 357 став 2 од Кривичниот законик.
Обвинетата се товари дека како службено лице – даночен инспектор во Управата за јавни приходи при Министерството за финансии – даночно одделение Кавадарци, побарала парични средства од сметководител на правно лице од Неготино. Обвинетата која вршела контрола во правното лице, побарала да и бидат дадени 1000 евра за да не подготви записник од извршената контрола во кој ќе констатира неправилности во работењето на правното лице.
Барајќи поткуп, обвинетата ги условувала оштетените дека доколку не и биде исплатена побараната сума, поради неправилностите кои ќе им бидат констатирани во записникот, правното лице и одговорното лице ќе треба да платат парична казна од многу повисок износ.
Спонзорирано