Определен притвор за лице кое нападна полицајци додека извршуваа судска наредба

    1607

    Осомничениот на 23 мај годинава нападнал двајца припадници на полицијата кои извршувале судска Наредба за негово присилно приведување. Имено, Основниот суд Охрид издал Наредба за присилно приведување на лицето, кое не се јавувало на судски рочишта во судот каде е обвинет за кривично дело Тешка кражба. При обидот на полицајците да го приведат, осомничениот ги нападнал при што на едниот од нив му нанел и телесни повреди.
    Со тоа, осомничениот сторил кривично дело Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
    Постапувајќи по поднесена кривична пријава, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за определување притвор за осомничениот бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи. Предлогот на обвинителството беше прифатен од страна на судот кој со решение определи притвор за обвинетиот во времетраење од 8 дена.

    ( Предметниов текст, всушност, претставува автентичното соопштение на Јавното обвинителство. „Правосудство.мк“, со намера да и покаже на јавноста какви неписмености и се сервираат на јавноста, во вид на официјален став на една државна институција, одлучи да го објави онаков каков што е! )

    Спонзорирано