Обвинение за двајца „анонимни“ за две тешки кражби

    378

    Две лица, кои сега се водат како обвинети, а кои според Јавното обвинителство реално и постојат и покрај тоа што во нивното, лиферувано, соопштение нема ниту имиња, ниту иницијали, сториле две тешки кражби. Имено, во соопштението кое наликва на полициски билтен, стои дека сега обвинетите, на 20. овој месец, провалиле во куќа, во Скопје, и од неа однеле накит и часовници вредни 112.233 денари. Два часа подоцна тие влегле во друга куќа, од каде, по извршено претурање, одзеле накит, клима уреди и радијатори, вредни 31.450 денари.
    Инаку, за стореното, Јавното обвинителство освен што поднело обвинителен акт, туку доставило и барање за продолжување на мерка притвор.

    Спонзорирано