За неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, Јавното обвинителство во Велес осомничи две лица од Куманово, на возраст од 52 и 59 години.
Како што појаснуваат од Обвинителството првоосомничениот му помогнал на сега второосомничениот да отвори транспортна фирма и да започне со работа како превозник, а по идеја на првоосомничениот тие се договориле да преземат канцелариски материјал, од фирма во Приштина. Сопственикот на новата фирма, со товарно возило, заминал за Приштина. Тој го оставил камионот да се натовареи, а тој заминал да се сретне со својот пријател. Кога товарното возило било натоварено со канцелариски материјал транспортерот се упатил кон државава, а првоосомничениот се вратил со такси-возило. По завршувањето на шпедициските формалности, првоосомничениот го известил второосомничениот дека со натоварената стока треба да замине во Грција, но на деветти овој месец, додека се движел по патот Велес – Скопје, кај место викано „Ветерско“, тој изгубил контрола над возилото и излетал од патот при што се здобил со телесни повреди. Подоцна, при преглед на товарното возило, овластени полициски службеници пронашле две пакувања од 2.008 грама марихуана.
Со оглед на видот и тежината на стореното кривично дело и можноста истото да биде повторено, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд Велес достави предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени.
Притворени двајца кумановци заради трговија со две кила марихуана
Спонзорирано