Разрешен Ристо Катавеновски – судија на Врховниот суд!

4093

Судскиот совет, на денешната седница, го разреши врховниот судија Ристо Катавеновски, за кого беше отворена постапка за нестручно и несовесно работење, односно за негово постапување во предметот со бизнисменот Сеад Кочан.
Судијата Катавеновски е третиот, по екс-претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и судијката Рахилка Стојковска, кој е разршен по донесената одлука за укинување на мерата притвор за Кочан, кој, пак, со месеци се водеше како недостапен.

Спонзорирано