На охридскиот аеродром приведени турски државјани со израелски пасоши

    393

    Охридското обвинителство отвори истрага за седум лица, турски државјани, за кривично дело: фалсификување исправа, односно поради тоа што тие планирале за заминат на пат со израелски патни исрави. Имено, сега осомничените, инаку сите роднински поврзани, вчера, на охридскиот аеродром при презентирање на патни исправи, за лет од Охрид до Лутон, користеле фалсификувани израелски пасоши. Меѓу осомничените се и две деца на возраст од шест и 14 години. Шестмина од осомничените, со децата, влегле во државава од соседна, а еден, на 19. овој месец, влегол од Бугарија.
    Јавниот обвинител од судот бара притвор за петмина од осомничените, додека мајките на децата се побарани мерки за претпазливост – одземање на патни исправи.

    Спонзорирано