ЈАНЕВА И СТЕФАНОВА СЕ СКАРАА ВО СУДНИЦА

1711

Поранешната шефица на СЈО грубо ја нападна својат колешка обвинителка, која денеска сведочеше за случајот „Рекет“

 

Груби навреди и вулгарни квалификации упати денеска во суднива поранешната специјална обвинителка Катица Јанева кон нејзината колешка обвинителката Лиле Стефанова, која сведочеше за случајот „Рекет“.
Навредите кон Стефанова беа доволни Јанева да биде изнесена од судницата, односно да биде отстранета од рочиштето за предметот „Рекет“, во кој таа обвинета заедно со Бојан Јовановски – Боки 13.
Како што и се очекуваше, сведочењето на Стефанова, која ја води истрагата за случајот „Империја“, а во кој како осомничен се јавува Орце Камчев, негови блиски бизнис-пријатели, но и неговата мајка и сестра, донесе многу интересни моменти. Во сведочењето на Стефанова можеше да се слушнат имињата на брачната двојка Михајло и Филимена Маневски, луѓето за кои се верува дека во еден период, по сопсвен терк го кроеја правосудниот систем во државава и на Наташа Савова, која едно време беше и пратеничка. За потсетување, кога Орце Камчев сведочеше во предметот „Рекет“ тој негираше дека екс-пратеничката Савова имала било каква улога во дистрибуцијата на нелегално снимените материјали. Но денеска, од Стефанова можеше да се слушне за напишан текст од Савова кој и бил даден на обвинителката.
Стефанова изненади со кажувањето дека во времето кога истражителите на СЈО вршеле детални истраги во фирмите на Камчев, брачната двојка Маневски биле во една од неговите работни простории. Обвинителката Стефанова ја спомна и судијката Добрила Кацарска, за која рече дека пројавила интерес кога Камчев беше спроведен во Кривичниот суд, но и по прашањето за изрекување мерка притвор. Таа посведочи дека немала директни јавувања од судијката, но дека нејзин колега зборувал со неа по телефон. Сведокот Стефанова го појасни целиот тек, односно начинот на кој на Камчев му бил укинат притворот и како му била дадена патна исправа.
„Катица Јанева, на 16. април, не повика на состанок. Почна да прашува до каде се случаите. Стана нервозна и ми се обрати: „Ти, Лиле, да му го дадеш пасошот на Орце Камчев и приговори не сакам. Ќе даде гаранција од 3,5 милиони евра да му дадеш позитивно мислење”, раскажа Стефанова и појасни дека таа и нејзимниот колега Бурим Рустеми требало да направат извештај колку треба да се плати за штетата во случаите „Империја“ и „Поштенска банка“ и со тоа тие да се затворат.
Лиле Стефанова, откако кажа дека одбила да даде позитивно мислење за пасошот на Камчев, а поради притисоците кои ги трпела од Јанева, почнала да размислува за оставка и јавно да обелодени што се се случува во предметот во кој се јавувува Орце Камчев.

Спонзорирано