Обвинение за негувателката која тепаше двегодишно дете

    841

    Случајот со тепањето на дете кое се случи на јавно место, а за кој беше осомничена ангажираната негувателката наското ќе се пресели во судница. Имено, скопското обвинителство поднесе обвинителен акт за негувателката за кривично дело: запуштање и малтретирање на дете, според член 201 став 1 од Кривичниот законик.
    Сега обвинетата негувателка, на 21. ноември минатата година, во игротека на угостителскиот објект, „Дежа ву“, физички го малтретирала двегодишно дете, а коешто требала да го чува. Негувателката го удирала детето со шлаканици, го давела со раката, држејќи го за лицето и устата, а неколку пати го дигала и го удирала од земја. Малтретирањето било регистрирано и од безбедносните камери на локалот.
    Од обвинителствто потврдуваат дека до судот е доставено барање за продолжување на веќе изречената мерка притвор.

    Спонзорирано