Отворена истрага за велешанец за силување

278

Велешанец, на возраст од 55 години, и формално е осомничен за продолжено кривичено дело силување. Сега осомничениот, како што потврдуваат од Обвинителството, искористувајќи исти прилики, во два наврата, со употреба на сила извршил обљуба врз 63 годишна жена.
„На 17. септември оваа година, околу 22 часот, осомничениот, кој и бил сосед на жртвата, се префрлил преку оградниот ѕид од улицата, влегол во дворот од куќата, па откако оштетената ја отворила влезната врата, влегол внатре и употребувајќи сила го извршил кривичното дело. Следниот ден, околу 11.30 часот, на истиот начин, го повторил кривичното дело“, појаснуваат од Обвинителството, од каде и информација дека Јавниот обвинител кој постапува во предметот ги имал в предвид видот и тежината на стореното кривично дело, запретената казна, личноста на осомничениот, посебно фактот дека е сосед на оштетената и дека може да го повтори кривичното дело и да влијае врз текот на истражната постапка, па од тие причини до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судијата на претходна постапка од судот во Велес го прифатил предлогот на обвинителството и со решение на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.

Спонзорирано