УНГАРИЈА КАКО СУДБИНА

4418

„Љубовта“ со Унгарија не започна со Никола Груевски, туку со Срѓан Керим и со неистражениот случај наречен: „750.000 евра во шише!“
Доколку власта го истера овој случај на виделина, тогаш може да се надева на нешто по најновото барање за екстрадиција

Љубиша Станковиќ

Читам деновиве Министерството за правда ќе поднело ново барање до унгарските власти, за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски.
Убаво е тоа што го прави Министерството, само не знам дали ова се прави за да се каже дека Груевски не е заборавен од државните институции или е некакво алиби, со оглед на то што уште сега го знаеме одговорот на Будимпешта.
Не водам точна евиденциија, ама чинам дека веќе имаше две барања за екстрадирање на Никола, но ова, демек, ќе се содржела и пресудата за Груевски за случајот „Насилство во Општина Центар“!
Чинам дека за овој случај, (а на Груевски, токму поради неговото бегство му се судеше во отсуство) му беше изречена затворска казна во траење од една и пол година што е помалку од казната која што му беше изречена за набавката на „мерцедесот“, а која, патем е и правосилна!
Логиката вели дека, ако Виктор Орбан не дал дозвола за екстрадирање на Груевски по правосилно изречена пресуда, тогаш тешко е да се надеваме дека сега ќе промени нешто во своето размислување и однесување!
Иако во случајот на Груевски има многу „право“, сепак, не треба да заборавиме дека неговото бегство го спроведе токму Будимпешта!
Познавачите на политичките прилики велат дека Груевски има многу инвестирано во Будимпешта. Некои од нив се на мислење дека „љубовта“ помеѓу Груевски и Орбан започнала уште во 2015. година, во време на таканеречната “бегалска криза“ кога тој ни подари бодликава жица, иако премиерот на Унгарија и пред тоа можеше да се види и слушне на митинзите на ДПМНЕ.
Некои се склони да кажат дека љубовта кон Унгарија ќе го достигне врвот со посетата на Орбан, есента 2017 година. Имено има и такви кои веруваат дека на средбата во Охрид, Грувски ги договорил деталите поврзани со неговото бегство кое ќе се случи една година подоцна.
А дека не е се така наивно и едноствано знаат оние кои беа судени во случајот наречен „Шпион“! Некои од обвинетите беа обвинети за шпионажа во корист на Унгарија! Додуша, се споменуваа и имиња на некои, се уште актуелни политичари од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но ним влакно не им фалеше!
Дека односите помеѓу Скопје и Будимпешта беа во „нагорна линија“ најдобра потврда е Срѓан Керим. Всушност, „љубовта“ помеѓу Скопје и Будимпешта не почна со Груевски, туку со Керим! Овој лик, поточно неговиот личен возач, уште во март 2008 година, беше фатен како илегално, во шише, шверцува 750.000 евра!
За оние со кратко паметење, (но и како предизвик за државните институции задолжени за кривичен прогон), само ќе потсетам дека лицето Душан Огњановски, на 10 март 2008 година, бил запрен на граничниот премин „Роске“ („ROSZKE“), и притоа, во шише, му биле пронајден 750.000 евра! Човекот, пред унгарските цариници ќе потврди дека парите, скриени во шише, се „приход на македонската фирма ‘Медиа Принт Македонија’ и дека истите требало да се инвестираат во сродната „Медиа Принт“, ама во Виена!
Унгарија ќе ги информира сите релевантни македонски институции, но ниту една од нив нема да изреагира на еден ваков корупциски случај! Веројатно за Обвинителствто, за МВР, за Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам тука нема случај или ако го има ќе причекаат да застари?
Конечно, финале е дека за запленетите 750.000 евра на возачот му била наплатена парична казна од 556 евра или 150.000 унгарски форинти, а Керим, кој деновиве врши „анализи“ на изборите во САД, ќе тврди дека „МПМ“ водела своја истрага која покажала дека таков настан и не се случил?
Тоа дека Керим не ја зборува вистината го потврдуваат и бројните документи кои Унгарија (можеби по грешка) ги испрати во Македонија, но се уште се чека на реакција од истите тие македонски институции! Во меѓувреме Керим се пресели. Живее на море. Во Опатија, во Хрватска, и се надева дека нема да одговата ниту за овој, ниту за случајот „Империја“, ниту за затајување, а кое му е закажано за 10. следниот месец.

Впрочем тој едно време тврдеше дека е во предност пред сите кандидати и дека тој е новиот генерален секретар на Обединетите нации!
Кога веќе ја спомнав хрватската ривиера и благата медитеранска клима веднаш на ум ми падна Мартин Протуѓер.
И „десната рака“ на Геруевски, како и сите негови блиски партиски соработници, се разболе истиот момент кога беше соопштено дека ќе треба кривично да одговара во три предмети иницирани од СЈО. Имено, во моментите кога против Прутуѓер беше поднесен првиот обвинителниот акт, тој беше на лекување во Воената болница на унгарската армија, се разбира, во Будимпешта!
На лекување синуси, повтоено во Унгарија и повторно во Будимпешта, се најде и поранешниот општински советник Александар Трајановски.

Човекот не одеше на работа поради проблеми со синусите, но тоа не го спречи да не замине за Унгарија и да се фотографира со Никола Груевски!
Дека Унгарија ни е како судбина потврда дојде и од Христо Атанасов и Неџби Хасан. Да, токму овие двајца бегалци, познати под своите родени имиња Горан Грујевски и Никола Бошковски, преку солунскиот аеродром, со лет на „Визер“, требаше да пребегаат во Унгарија!
Инаку, за оние кои не знаат, летовите на „Визер“ ги дотира македонската држава, а за нелегалнои прислушуваните само ќе потсетам дека „Македонски телеком“ е сопственост на „Маѓар телеком“!
И сега треба уште да се чудиме на финансирањето на некои портали или на телевизии со национална концесија?
Таман работа!
Унгарија, дефиниствно, е наша судбина!

За одговорот по најновото барање за екстрадиција дополнително ќе пишуваме, иако уште сега може да го соопштиме одговорот на Будимпешта

 

Спонзорирано