На 5. мај 2015 година народот ја слушна вистината за убиството на Мартин Нешкоски и спонтано излезе на протест кој заврши со претепување на истуиот тој народ
Иако тврдеше дека е невин, Игор Спасов, кој беше осуден на 14 години затвор, од октомври минатата година е во бегство
На овој ден, пред пет години, тогашниот лидер на опозицијата, Зоран Заев, обелодини аудио снимки на кои можеше јасно да се слушне дека Никола Груевски и неговите најблиски соработници се обиделе да ја сокријат, насилната смрт на младиот Мартин Нешкоски.
Станува збор за класично убиство коешто е извршено, на шести јуни 2011 година, на централниот скопски плоштад за време на одржување на победничка прослава на ВМРО-ДПМНЕ на штотуку завршените парламентарни избори.
Имено, тогашната власт се обиде да го го стави убиствтото на Нешкоски во „втор план“, односно сакаше јавноста да ја насочи кон апсењето на Љубе Бошкоски кој, пак, подоцна беше обвинет за примање пари со кои, наводно, требал да ја финансира камањата на неговата политичка партија. Всушност, надлежните институции не сакаа да потврдат дека се случил немил настан во кој згаснал еден млад живот, но кога во јавноста протекоа информации за настанот тие беа присилени да бараат виновник.
За бруталното претепување на младиот Мартин Нешковски беше обвинет Игор Спасов, припадник на полициската единица „Тигар“. На изрекувањето на пресудата му претходеше долго и мачно судење и завршен збор на обвинетиот кој ќе изјави: „Ако барате обвинет – тука сум, ама ако ја сакате вистината тогаш не гледајте во мене! Со чисто срце ќе ве погледнам! Јас не сум го удрил Мартин по глава и не сум имал таква намера. Јас не го убив Мартин! Да знаев како му е на раце ќе го однесев во болница. Јас немав мотив да го убијам! Јас, Игор Спасов, не сум виновен за смртта на Мартин, но оставам на судот да ја покаже својата независност, во која верувам, кога ќе донасе одлука!“
Судот најде вина и го осуди Спасов на 14 години затвор, но некаде на почетокот на февруари 2016. година, тој, на општо изненадување, беше повикан на распит во тогашното Специјално јавно обвинителство. Јавноста, барем на момент се понадева дека Спасов ќе ги открие вистинските извршители на убиствтото на Мартин Нешкоски, но таквно нешто не се случи. Во октомври минатата година беше пласирана вест дека Игор Спасов побегнал од затвор и дека за него е распишана потерница.
(Љ.С.)