Повикувањето на информативен разговор на сега веќе поранешниот разузнавач Синиша Алексовски во полициска станица, а по пријава од висок државен функционер, барем засега е завршена работа.
Иако Алексовски немал никакви проблеми за време на распитот тој, сепак, истиот го оквалификува како „лоша конструкција“ и изразува чудење зошто воопшто е распрашуван за настан кој се случил пред повеќе од 40 дена. Алексовски тврди дека, всушност, и нема никаков случај, бидејќи за она за што тој е пријавен е обичен телефонски разговор што тој го имал додека стоел кај Триумфалната капија, но неговото пријавување, наводно од претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери, поради тоа што тој го снимал движењето на неговото службено возило.
За настанот се случил на 27. март, односно пред повеќе од месец и половина, Алексовски бил пријавен во МВР, но оттаму и потврдрда дека за случајот е известено и јавното обвинителство.
Синиша Алесовски на домашната јавност и стана познат по неговото вработување во кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов, но малумина знаат дека тој е брат на еден од преживеаните припадници на полицијата, односно на тимот „Алфи“ кои беа нападнати кај Природно- математичкиот факултет и во кој напад беше убиен полицискиот работник Африм Арифи. Немилиот настан се случи кон крајот на ноември 2008 година и во него уште еден припадник на полицијата се здоби со тешки огнострелни повреди.
Полицискиот распит за Синиша Алексовски е „лоша конструкција“
Спонзорирано